Претседателот на Здружението на фудбалски прволигаши во Шпанија тврди дека Барселона може да се соочи со санкција доколку следат непристојни скандирања кон земјата на трибините од Камп Ноу.
Каталонскиот гигант Барселона би можела да се здобие со сериозни санкции доколку од трибините продолжат скандирања против Шпанија на навредлива основа.
Ситуацијата би можела да оди до таму што дури и би можело да се затвори „Камп Ноу“, тврди претседателот на Здружението на фудбалски прволигаши во Шпанија, Хавиер Тебас.
„Скандирањето за независност го сметаме за навреда, или повик за насилство, но ако Шпанската фудбалска федерација реши дека извиците како ‘Шпанијко е*и се’ треба да се санкционираат, тогаш постојат неколку мерки кои може да се преземат, како на пример затворање на стадионот“ вели Темас.
Извор: 24Фудбал