6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

(ВИДЕО) Костовски: СДС со предлагање на Законот за двојазичност ја води државата кон целосно подвојување

„Законот за двојазичност кој го предлага СДС ја води државата кон целосно подвојување. Создава нефункционални институции.

Законот за двојазичност е целосно неуставен и во многу членови надалеку ги поминува границите на Уставот. Согласно овој закон, Македонија ќе добие втор службен јазик на целата територија и истиот ќе се користи во службена употреба во сите институции на централно ниво, тоа го предвидува чл. 1 ст.3 од истиот кој гласи, цитирам: – „ Во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија“

Член 2 став 2 од овој закон пропишува дека сите постапки, управните, извршните постапки, предистражните и истражните постапки, кривични и прекршочни постапки, парнични и вонпарнични постапки, постапка за извршување на санкции, како и другите постапки предвидени со други закони покрај на македонски можат да се водат и на албански јазик, доколку странката тоа го побара, па така во судовите, јавните обвинителства и другите државни органи на целата територија на Република Македонија, повторувам на целата територија на Република Македонија, дури и на местата кај што нема ниеден член на заедница која е 20 посто во Македонија ќе мора трајно да вработат преведувачи и службеници кои ќе зборуваат албански.

Ова е прв чекор во креирање на правен хаос и создавање на непотребен трошок за државата, која ќе треба да ангажира преведувачи и службеници и на места каде нема реална основа и потреба тоа да го направи, но со овој закон ќе биде обврзана. Ова е прв чекор кон нефункционална држава. СДС систематски ја редефинира државата на штета на граѓаните и идните генерации.

Овој закон не носи придобивки за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи овој неуставен закон кој ја води државата кон нови поделби“, изјави Дарко Костовски.

поврзани објави

Последни објави