Златан Ибрахимовиќ после седум месеци пауза денеска заигра за Манчестер Јунајтед.
Швеѓанинот во изминатите месеци беше вон терените поради повреда со која се здоби на натпреварот против Андерлехт, а кога денес повторно се најде на теренот цел Олд Трафорд стана на нозе и го поздрави со громогласен аплауз.
“Лавовите не се опоравуваат како луѓето“, рече во свој стил после натпреварот Ибрахимовиќ и додаде:
“Денес ми е посебен ден, но квалитетот е ист. Многу работев и се жртвував. Не ми беше лесно на пауза. Летото немав договор, а кога го потпишав, се концентрирав на тоа што побрзо да се вратам на теренот и да и помогнам на мојата екипа“, додаде тој.