23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Марија Александрова – Коева – ќерка на Тодор Александров, во весник „Македония“

Марија Александрова – Коева – ќерка на Тодор Александров, во весник „Македония“

Интервјуто е објавено во “Македонија“, бр. 34 (201), 30 август 1994 година, посветено на 70. годишнината од убиството на Тодор Александров.

 

Фото – Тодор Александров

Марија Александров – Коева е родена на 19 јануари 1920 г. Умира на 10 јануари 2005 г. во Софија. До последните денови од својот живот таа е неразделно поврзана со современото ВМРО и културната дејност на македонските братства.

 

 

– Г-ѓа Коева, што ќе споделите со нашите читатели по повод 70-
годишнината од убиството на татко ти?

 
– Овие 70 години беа исклучително тешки. Години на борба, насилство и вознемиреност.
Години на разочарување и беспомошност. Со болка гледам како после
нашата краткотрајна радост на промените што ги имаме на улица, што не знаеме каде не водат.

Лично за себе можам отворено да Ви кажам, дека ми е страв, надежта да ја видам Македонија слободна, независна и демократска, посветувањето љубов кон нејзините браќа во Бугарија, се намалува со секој изминат ден. Воодушевена сум од напорите на историчарите и јавните личности кои сакаат да ги пополнат белите полиња во нашата историја, но ме нервира и незнаењето на некои од нашите политичари, кои работат директно против нашите национални интереси.

 

Дали ќе ни кажете нешто за вашиот татко, што е непознато или малку познато на јавноста?

 

 

– Претпоставувам дека има многу необјасни факти за активноста на мојот татко, но тоа е задача за историчарите, кои сега слободно можат да ги користат архивите и да откриваат што повеќе факти за неговото дејствување. За татко ми не можам да зборувам, но сакам да раскажам за неговото семејство, за кое мислам дека, малку се знае. Можеби мојата приказна ќе биде малку долга и малку здодевна, но можам да ве уверам во тоа, дека животот не само на членовите на тоа семејство, туку и на нивните потомци воопшто не било лесно.

Најголемата сестра Екатерина, веќе ја завршила Солунската средна школа за девојки и стана учителка во Кочани, и и помага на својата сестра Софија. По касно тие помагаат на Василка и Елена, кои од своја страна ги поддржувале Кира и Костадина. На тој начин сите шест сестри ја завршуваат Солунската средна гимназија и стануваат учителки. По завршувањето на гимназијата татко ми како учител развива активна револцуионерна активност. При претрес во неговите комори во Кочани се најдени компромитирачки документи. Тој е одведен во Скопје, под силна стража, бил осуден на 5. години затвор и испратен во Скопскиот затвор „Куршумли хан“, каде е задржан 13 месеци. Меѓутоа, добива амнестија и не ја издржува целосно својата казна.

За учебната 1904 – 1905 г. е назначен за главен учител во родното место, каде продолжува со својата револуционерна дејност. Тој се вклучува во четата на Мише Развигоров. Тоа го означува крајот на неговиот легален живот и претставува почеток на грижите на Баба Марија за животот на нејзиниот единствен син. Најстрашните денови настапуваат по време на акцијата за разорожување во текот на 1908 г. по младотурскиот преврат.

Една ноќ турски војници ја обиколуваат нашата куќа, и нанесуваат жестоки удари на баба ми пред очите на нејзините две ќерки, кои во тоа време се на одмор кај неа, настојуваат да каже каде е татко ми. Храбрата бугарка не издава звук. По три дена турците ја запалуваат куќата од сите страни. Пискотниците на соседите ги будат од сон и тие, нерасонети, скокаат од прозорот бидејќи куќата веќе гори. Сите се исплашени, но сепак се наоѓаат орднини, кои им укажуваат помош и ги засолнуваат. Баба Марија разбира, дека останувањето во Штип е невозможно и таа го напушта родниот крај за да не го види никогаш повеќе. Заминува за Цариград при семејството на својата ќерка Софија, а тетките Кира и Костадина се враќаат во Солун.

 

 

Би сакале да слушнеме повеќе детали за вашето семејство…

 

 

 

Си дозволувам да кажам неколку зборови за сестрите на мојот татко, кој со достоинство го носеа “епитетот“ сестра на Тодор Александров. Екатерина, најголемата сестра на татко ми, била учителка во Скопје и се омажува за Коста Ципушев. Сметам дека е излишно за говорам за дејноста и страдањата на тој голем бугарин. Во книгата „19 години во српските затвори“ тој подробно го опишува сето она што го преживеал. Во текот на 1934 г. е ослободен и се враќа во Софија при тетката Катерина и ќерката Марија.

Ќе се обидам да ви раскажам нешто, кое би било забавно, ако не е толку трагично за времето, во кое живеевме. При попис во 1947 година комисија го посетува семејството Ципушеви и настојува да се запишаат како “македонци“, а не бугари. Може ли нормален човек да претпостави, дека Коста Ципушев, кој преминал преку тортурите и пеколот во српските затвори, затоа што не се откажал од своето бугарско потекло, во “слободна“ Бугарија ќе биде принуден да го измени својот род? И срамно, и страшно!

Втората сестра, Софија, била учителка во Штип, Кочани и Кратово, каде се омажува за Михаил Цонев, кој, како и татко ми, во 1897 г. влегува во ВМОРО, заклен од Христо Матов. Верен соработник на татко ми, а по касно и на Иван Михаилов. Им се раѓаат 5 деца, кои поднесуваат тешки удари поради татко ми и вујко ми. Големиот син Никола е испратен во камп.

Василка, третата сестра, предавала во Виница, Свети Никола и Чорлу. Се омажува во Горна Џумаја за Тома Панушев – банкарски службеник. Тие имаат 4 деца, на кои не им беше лесно како внуци на Тодор Александров.

Четвртата сестра, Елена, предава во Штип и Цариград. Се омажува во Нови Пазар за Љубен Зафиров, адвокат и поранешен градоначалник на градот. Суден од „народниот суд“ и оправдан“. Одземен му е целиот имот. Имаат две ќерки.

Доаѓа на ред петата сестра. Кира предаава неколку години во Нови Пазар. Во 1923 г. е назначена за учителка во бугарското училиште „Екзарх Йосиф I“ во Цариград. Станува претседателка на друштвото „Радост“, чија главна задача му е да ги обединува сите бугари, преселени од Бугарија и Македонија, во едно големо семејство. Се омажува за Јанко Димитров од Загоричане. Во 1945 г., поради тоа што е сестра на Тодор Александров е оставена без пензија. Макар и без пензија, Кира продолжува со истиот ентузијазам за своите задачи како претседателка до 1966 г., кога го напушта Цаиград и се преселува во Софија. Почина во 1982 г. Оддадена целосно на активноста на своите луѓе, респектабина личност на Цариград. По нејзиното заминување, компанијата на нејзиниот прв годишен состанок ја избира за почесен претседател. По повод 70 годишнината (1907-1979), нејзиното раководство го испрати следниот поздрав:

 

  Почитувана г-ѓа Александрова, Вие бевте неговата главна поддршка повеќе од 40 години, работевте со својата благодарност, и благодарение на оваа активност, тоа постоеше 70 години. Вие бевте стожерот, доајенот на нашата колонија. Направивте многу работи за нејзиното културно и просветно воздигнување. Прифатете ја нашата најголема благодарност за сето тоа што сте го направиле во наша корист. Ви посакуваме здравје и долговечност

Со најголема почит

Компанијата “Радост“

Најболните спомени на најмладата сестра на татко ми. Костадина предавала во Струмица, Кочани и Горна Џумаја, откаде по убиството на татко ми се преселува во Софија. Дваесет години во Патријаршката школа, каде што завршува на 9 септември 1944 г. Одличен педагог, скромна и сочуствителна, таа е сакана и почитувана од нејзините ученици и родители. Добар патриот, таа се вклучува активно во јавниот и општествен живот на Унијата на Македонски жени, во раководството на Штипското братство и е една од неговите основачи. Во почетокот на 1945 г. како сестра на Тодор Александров беше отпуштена.

Таа на 49 години, имала само една година за до пензија. Ова не е доволно за нејзините страдања. Кратко време по отпуштањето, тетка Костадина беше интернирана во Нови Пазар каде што поминува неколку тешки години. На Велигденска вечер, после нејзиното враќање од црква, домот на нејзината сестра Монева влегуваат две вооружени и цивилни лица. Прават прецизно пребаруање, но не наоѓаат ништо “опасно“. Таа е уапсена и одведена. Оттука започнуваат нејзините најголеми страдања. Близу три месеци поминува во 5 дел од голиот цемент под постојан ужас на стаорци и полноноќни сослушувања. Несрушена од маките и нечовечките услови, таа е испратена во Белене каде што поминала речиси две години.

На 8. март 1985 година тетка Костадина починала. Испитувања не ја убија нејзината верба, дека рано или покасно ќе успее нејзиното дело, на кое брат ѝ и илјадниците борци за слободата на Македонија го посветија животот, ќе биде довршено до крај. Беше среќна, што учениците не ја заборавија и што често ја посетуваа. Тоа е, она кое сакав да раскажам за моите мили покојници, кои живеа достојно и останаа верни на својот род.

 

 

Редакцијата на в. „Македонија“

 

 

 

поврзани објави

Последни објави