fbpx
16.8 C
Skopje

Револуцијата на Пеп се крие во клубскиот дух, диетите и тоа што ги знае имињата на чистачките

АКТУЕЛНО

Една работа во Манчестер Сити направи многу посилен впечаток од големите победи, поразителниот фудбал и безбројните голови. А тоа е бучавата. Радосните извици на играчите на “граѓаните“ кои одекнуваат во тунелот Сан Паоло во Неапол, откако Сити го победи Наполи со 4-2 во Лигата на шампионите. Вработените во англискиот клуб имаат многу видено и слушнато, и поминато заедно, но бучавата од песните и танците на играчите во соблекувалната е нова. Тоа е доказ дека се има изградено здрав колектив. Луѓе, кои се пријатели и надвор од теренот.

1. Егото е оставено настрана. Најголемата победа на Пеп Гвардиола, е дека ги натера фудбалерите да се здружени.

ФОТО

2. Пријателство меѓу играчите

Менаџерот често организира вечери во ресторанти, на кои присуствуваат сите фудбалери. Во тимот нема мали групички. Освен тоа ѕвездите во тимот со задоволство секое утро присуствуваат на заеднички доручок во тренинг базата, а идејата е не само да им се следи режимот на исхрана, но и да поминат повеќе време заедно.

ФОТО

3. Храната

Манчестер Сити располага со готвачи од Шпанија, Франција и Англија, кои гарантираат разноразна, лесна и вкусна храна, која е соодветна за индивидуалната диета и храна за професионални фудбалери. Гвардиола донесе и диетолог од Барселона, кој му помогна на Меси да влезе во топ форма. Фудбалерите на „граѓаните“ се обврзани да си земаат храна за во својот дом во кутии.

4. Обединетост

Прашајте секој од вработените во Манчестер Сити која е најголемата промена, по доаѓањето на Пеп, одговорот ќе биде еден ист – чувството на обединетост. Чувството, дека секој има своја улога во тимот за која максимално е почитуван од своите претпоставени. Отворената канцеларија на администрацијата била едно од првите барања на менаџерот, која е задолжена да ги научи прекарите на сите. Пеп веќе ги знае имињата на секој од службениците во клубот – од чистачките до луѓето, како и на оние кои ги оддржуваат фан страниците и веб страници на социјалните мрежи.

ФОТО

5. Напорната работа

Гвардиола беспрекорно верува во својата филозофија и знае, дека таа ќе проработи. Шпанецот не ги променува своите гледишта за начинот на работа и верува дека тоа е клучот кој ќе го донесе тимот до успех.

Тренинг на Манчестер Сити ФОТо

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -