Откако изминатата недела го имаше своето официјално деби за новиот клуб Керала Бластрс Димитар Бербатов ќе има уште едно деби, но овој пат во киното.
Тој ја добил улогата на актер во претстојниот бугарски филм “Револуција Х“.
Напаѓачот веќе се пофали со тоа на својот Фејсбук профил и напиша: Деби во улога на актер. Наскоро во кино“, споделувајќи го првиот трилер на продукцијата.
Во бендот Бербатов игра мафијашки шеф на бугарското Црноморско крајбрежје под името Караваџо и неговите вработени се Маријан Валев-Куката и Александар Сано, познати од серијата “Под покритие”.
“Револуција Х“, се води како продолжение на серијата “Револуција Z“ и во него учевствуваат цел куп на популарни личности, вклучително и славната Гери-Никол.
Во актерите се и Силвија Петкова, Дилјана Попова, Георги Кадурин, Стефка Јанорова, Башар Рахал и др.