Манчестер Јунајтед синоќа со 4:1 го совлада Њукасл и остана во каква таква трка за првото место во Премиер лигата.
Според последните информации кои пристигнуваат од Островот, Жозе Мурињо сака Вилијан да биде следниот “Матиќ“ во тимот на Јунајтед.
Веќе некое време се шпекулира дека 29. годишниот бразилец во јануарскиот преоден рок би можел да го напушти тимот на “сините“.
Овој офанзивец кај Антонио Конте го изгуби статусот на стандарден првотимец и сака да ја промени средината како би можел да се надева на настап на Мундијалот.
Потсетуваме, Вилијан е меѓу првите Сини кој пристигна во 2013. година за 30 милиони фунти од рускиот Анжи.

Мурињо се надевам дека токму со него би можел да погоди како со Матиќ. Останува да видме што Абрамович ќе каже на ова..