fbpx
5.8 C
Skopje

Еврокомесарот Хан и претседателот на Албанија Мета во посета на Македонија

АКТУЕЛНО

Eврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан и претседателот на Албанија Илир Мета се наоѓаат во дводневна посета на Македонија. Денеска е предвидено Хан ќе се сретне со претставници на политичките партии и со премиерот Зоран Заев, по што ќе даде кратка изјава. Претседателот Мета ќе се сретне со неговиот колега Ѓорге Иванов. Во официјалната програма на Хан не е предвидена средба со претставниците на граѓанските организации, но како што ни соопштија, не е исклучена можноста да има неформална средба со нив. Главна тема на средбите ќе биде спроведувањето на реформските приоритети и имплементацијата на планот „3-6-9“. Иванов и Мета утре ќе имаат тет-а-тет средба во претседателската „Вила Водно“ по што е предвиден пленарен состанок на делегациите на двете земји. Албанскиот претседател треба да има средба и со претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -