fbpx
5.8 C
Skopje

Одложено судењето против премиерот Заев за „Поткуп“

АКТУЕЛНО

Премиерот Зоран Заев се појави во Кривичниот суд каде што му се суди за случајот „Поткуп“, меѓутоа рочиштето беше одложено бидејќи се уште се чека одговор од Апелација, која треба да одлучи дали снимката од посебни истражни мерки смее да се користи како доказ или не.

Одбраната на Заев побара од Кривичниот суд оваа снимка да се издвои од доказите бидејќи беше објавена на неколку медиуми, но Кривичниот суд го одби нивното барање по што поднесоа жалба до Апелција.

„На 27-ми ќе се одржи јавна седница во Апелација, каде што ќе се разгледа нашата жалба, па поради тоа денешното рочиште се одложи, а наредното е закажано за 25-ти декември“ – рече премиерот Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -