Разузнавачката служба на Јужна Кореја соопшти дека очекува Северна Кореја до крајот на годинава да развие ракета со која ќе може да го погоди западниот брег на САД. Пјонгјанг повеќе пати се закануваше дека има ракетен арсенал, кој може да ги погоди американските воени бази на Гуам и Хаваите, како и Калифорнија, на густо населениот западен брег на САД.