fbpx
16.8 C
Skopje

Меркел изрази жалење поради неуспешниот крај на преговорите за составување влада

АКТУЕЛНО

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази жалење поради тоа што пропаднаа коалициските преговори за создавање на таканаречената „Јамајка коалиција“, што може Германија да ја воведе во нови избори. Деловно ориентираната партија Слободни демократи (FDP) неочекувано ги напушти преговорите со конзервативната коалиција CDU/CSU на канцеларката Ангела Меркел и со Зелените, тврдејќи дека трите партии не успеале да постигна компромис за клучните прашања како што се проблемот со имигрантите и заштитата на природната средина. Нивниот лидер Кристијан Ленднер рече дека трите партии имаат различни визии за модернизација на Германија. „Мислам дека бевме на добар пат. Жалам,  што не постигнавме договор“, изјави Меркел за новинарите. Неуспехот во коалициските преговори би можел да ја започне најтешката политичка криза во Германија во последните неколку децении, бидејќи Социјалдемократската партија на Германија (SPD) веќе најави по губењето на изборите и најслабиот изборен резултат од 1949 година, исход кој иако победи на изборите го оствари и кознервативната Унија CDU/CSU, дека планираат да останат во опозиција и да ја напуштат ткн „голема коалиција“ со Ангела Меркел.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -