13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Хан: Закон за јазиците не е приоритет за влез во ЕУ

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан на денешната прес конференција по средба со премиерот, Зоран Заев и порача на Владата дека Законот за употреба на јазиците не е приоритетен и не е од национален интерес. Хан го определи предлог законот како разумно барање но подвлече дека Владата и другите фактори во земјата треба да се фокусираат на законите и условите релевантни за добивање позитивна препорака.  Тој ја пофали Владата дека постигнала многу изминатиов период во планот за реформи, но дека е важно да се истрча, како што рече, последниот километар. Еврокомесарот испрати порака и до опозицијата, повикувајќи ја да биде конструктивна во исполнувањето на националните интерси.

 

поврзани објави

Последни објави