23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Дескоска држи популистички говори а скрати 1.8 милијарди денари за образование

„Крајно лицемерие е кога Дескоска зборува за образованието, демократијата и младите. Наводната загриженост и потребата од граѓански активизам се само димна завеса за кратењата во Буџетот за образование кои Дескоска ги премолче, а ги спроведе Зоран Заев.

Дескоска држи популистички говори, а во заднина од Буџетот за образование скрати 1.8 милијарди денари.

Дескоска глуми лажна грижа за студентите и развојот на демократијата помеѓу младите, а за  изградба на факултети, кои треба  да бидат местото каде се усовршува мислата на еден млад човек скрати цели 268 милиони денари.

Младите се излажани од СДС и тоа сега го гледаат. Младите се жртва на лагите на СДС, кои за само 6 месеци на власт покажаа како планираат да го водат секторот образование.

Дескоска и СДС се демаскираа себе си. СДС не е за подобрување на стандардот на младите, образованието и демократијата. СДС со своите постапки на кратење спроведени во образованието покажа дека е за угушување на слободната мисла и демократијата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави