3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Богоев се сретна со Макрадули во врска со загадувањето на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се сретна со Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули и директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Мирослав Богдановски. На средбата се разговарало за дополнителни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во Општина Карпош. Присутните преземаа задачи кои ќе ги реализаат во претстојниот период, соопштија од Општината. Богоев потенцирал дека локалната самоуправа ќе продолжи со секојдневните контроли и дежурства од страна на инспекторите. Општина Карпош продолжува со чистење на дивите депонии, како и со оградување и осветлување на исчистените места со цел да не се повтори загадувањето во овие места, рече Богоев. Исто така, во соработка со Град Скопје ќе се изврши и темелно чистење на Општина Карпош, а најавени се и нови, специјализирани контејнери за селектирање на отпад, додадоа од Општината.

поврзани објави

Последни објави