10.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

Ни Кутињо ни Гризман: Барселона договори трансфер на моќен напаѓач во јануари, ќе може да игра во Лига на шампиони!

Филипе Кутињо и Антонио Гризман беа најголеми кандидати за следно засилување на Барселона. Сепак, навистина е тешко да се очекува дека некој од споменатите ќе пристигне на Камп Ноу во јануари.

На Барса и се потребни засилувања во средниот ред, каде што доста има потреба од нови играчи. Се чини дека сите проблеми ќе бидат решени и тоа за “ситно“.

Имено, Радио Кат јавува дека Месут Озил ќе биде новото засилување на Барселона и деа во клубот ќе дојде во зимскиот преоден рок.

Германскиот играч не го продолжи својот договор со Арсенал кој му истекува наредното лето и сигурно е дека ќе ги напушти “Емиратите“.

Манчестер Јунајтед се поврзуваше со Озил, но се чини дека Барса сепак ќе успее да им го украде пред нос.

Споменатиот извор вели дека Каталонците за Озил ќе платат 20 милиони евра, како и дека тој со клубот ќе потпише договор на 3,5 години.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -