17 месеци откако Велика британија гласаше да ја напушти ЕУ, многу европејци избираат да ја напуштат Велика британија. Според статистиките до март оваа година околу 122 илјади граѓани на држави од ЕУ избрале да го пакуваат својот куфер и да го напуштат Обединетото краство, додека бранот на нови луѓе во истиот се намалил.
Во Лондон, град, во кој има долго време европски банкари, келнери, бизнисмени т.н., негативни промени, предизвикани од Брегзит, започнуваат да се чувствуваат се позначително. На одредени места се случува компании, ресторани да се борат за персонал, често составен од истите тие источно европејци. Најголемите универзитети се грижат да ги зачуваат своите студенти.
Но, никаде грижата за напуштање на персоналот не е толку сериозна како во Британската национална здравствена служба. Долго време пред Брегзит, британската здравствена заштита страда од хроничен недостиг на персонал. Во земјата постојат 40. 000 работни места за медицински сестри. За да се пополни оваа празнина, многу е корисно вработувањето на луѓе од земји во Европската унија, особено во Лондон, каде што процентот на медицински сестри на континетот е околу 14 %, двојно повее од просекот во земјата. Сепак, слободните работни места остануваат многу високи.
И Брегзит ќе го направи уште потешко и поскапо барањето на луѓето за нив, додека работите остануваат уште нејасни. Во моментов, дури и правниот статус на граѓаните на Европската унија кои веќе живеат во Велика Британија, останува нејасен.
Ова е клучна точка во застојот на разговорите помеѓу Брисел и Лондон. Затоа и многу од европските граѓани во Велика Британија се плашат дека по Брегзит може да се покаже дека ги изгубиле своите права, безбедноста на работното место, пензии и пристапот до бесплатна здравствена помош.
Лондон е во најлошата криза кога станува збор за персоналот во здравствените институции, а медицинските сестри се под притисок од највисок степен поради недостаток на персонал. Доколку колегите, кои доаѓаат од ЕУ, кои сеуште не напуштиле, немаат намера да останат, безбедносноста на болниците во Лондон ќе биде страшна“, вели Том Колоу, регионален говорник на Кралскиот колеџ за медицинска грижа во Лондон.
Еден од најдобрите примери за важноста за чување на здравјето за британците е церемонијата по откривањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 година., кога дел од програмата беше танцот на вистински здравствени работнички, кои со телата ги оформијата трите гигантски букви – N.H.S.
Затоа за време на кампањата за референдумот за излегување од ЕУ здравствениот систем беше главна тема. Тогаш оние кои бранеа Брезит тврдеа, дека напуштањето на Обединета Европа ќе и дозволи на државата да заштеди по околу 350 милиони фунти неделно, кои инаку одат за Брисел, и со тие пари да инвестира во здраствениот систем.
Тоа моќно ветувањето беше раширено на сегде, вклучително и во автобусите кои се движат на територијата на целата држава. Сепак, тоа се покажа како лага. Великабританија испраќа околу 166 милиони фунти неделно во европскиот буџет, но дури по излегување од ЕУ тие пари имаат многу мала веројатност да отидат за N.H.S.
Брегзит пак, ветува промени во повеќето одделенија на британските болници, Така например за Сирил Ноел, лекар од брзата помош битката е со тоа како една држава, која тој ја сака, го отфрли.
Тој го опишува процесот на справувањето со маката како “Петте фази на Брегзит“.
Меѓувремено австрискиот лекар Георг Ауцигер, кој успеал да изгради болница од светска класа во Великабританија, сега се обидува да направи така, во неа да работат доволно лекари и медицински сестри и по излегувањето од ЕУ.
Дури и во раните попладневни часови, кога д-р Ноел ја започна својата смена, одделот за итни случаи на кој работел бил веќе полн со болни рани, инциденти, неколку удари и така натаму. Во исто време, сестрите се помалку отколку што е потребно.
Заедно со него во ноќната смена се доктор од Чешка и неколку сестри од Полска, Португалија, Шпанија, Словачка и Ирска. Некои веќе го поминале летниот одмор во потрага по друга работа во нивните матични земји.
Сепак, бројот на Европејци кои избираат да мигрираат во Велика Британија се уште е повисок од оној на оние кои бегаат од земјата. Сепак, веќе постои јасна тенденција за пристигнувањата да се намалат на сметка на зголеменото заминување, особено меѓу Источна Европа.
Во денот пред референдумот за Брегзит д-р Ноел, поттикнат од чувство на беспокојство и немоќ дека нема право да гласа, прави нешто, кое никогаш претходно не го направил – дава 200 фунти, дека Великабританија ќе ја напушти унијата.
Така дури и да се случи најлошото, тој ќе добие. Следниот ден тој е по богат со 1500 фунти – онолку колку што чини данокот за британски пасош. Проблемот е, што Сирил Ноел се уште не сака да го смени своето државјанство.
Тој раскажува за “Петте фази на примање на Брегзит“.
Прво е шокот, раскажува тој. Потоа следува мислата – дека ништо нема да се смени и дека условите ќе си останат исти – неприфаќање на реалноста. Така на младите сестри од Португалија и Шпанија кои се во неговата екипа, тој им пристапува со утеха. Следната фаза е гневот. По сите вести за желбата на владата компаниите да состават списоци со странски граѓани, за човек кој зборувал на полски, за финскиот професор, како и за многу други интелектуалци во општеството кои добиле известување за депортирање.
Д-р Ауцингер треба да најде нови 407 медицински сестри и лекари за новото крило за интензивни грижи на болницата. На објавениот оглас не се пријавил ниту еден европеец. За споредба претходно една третина од кандидатите биле граѓани на друга држава од ЕУ пред Брегзит.
Самиот тој тврди, дека ќе биде повеќе среќен да вработи британци на тие позиции. Проблемот доаѓа од таму, што тоа просто не е возможно. Затоа одговорот на овие потреби се бара во повеќе држави како Австралија или Индија. Тоа што го вознемирува Д-р Аузингер и другите доктори во Велика британија е недостаток на дијаногза.
“Ако мислите дека Брегзит е лекарството, јас се мислам, дека лекувате организам на слепо. Ако немате дијагноза, не можете да го лекувате правилно пациентот, рече тој и дополни:
“А тогаш што продолжувам да правам јас тука?“