11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Бугарија ќе побара укинување на роамингот за земјите од Западен Балкан

Ќе побараме укинување на роамингот за земјите од Западен Балкан. Ова ќе им помогне за развој на туризмот, бизнисот и економијата. Бугарија треба да стане дигитален балкански центар. Ова стана јасно од изјавата на министерот на бугарското претседателство на Советот на ЕУ Лилјана Павлова во етерот на државната БНТ. Во исто време, ќе бараме бугарското претседателство да биде балканско претседателство со главен фокус на земјите од Западен Балкан. Сепак, мора да бидеме многу искрени – не треба да даваме лажни очекувања, коментираше Павлова.
Ние сакаме граѓаните на земјите од Западен Балкан да ја почувствуваат перспективата на на патните, железничките и воздушните врски, енергетска поврзаност и секако образовната и дигиталната конекција, разјасни бугарската министерка Лилјана Павлова.

поврзани објави

Последни објави