6.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

Тој е најмлад милијардер кој заработил свои пари

Џон Колинс изгледа не се чувствува наполно удобно од впечатливата слава. Тој е најмладиот милијардер во светот, кој сам ги заработил своите пари.

Колисон е само 27 години и надвор од својата удобност тој изгледа исклучително уверен бизнис лидер и одличен оратор.

Но ако го прашате колку е богат, веднаш ќе забележите дека му е непријатно да одговори на ова прашање.

Сега луѓето го прашуваат и тоа со сосема со право, а Колинс има чувство дека очекуваат навистина интересен одгово. Но, Ирецот нема што многу да каже.

“Луѓето прашуваат “Како се променил твојот живот? “ и очекуваат да имам некое претензиозно ново хоби од типот на правење колекција за јахти.

Наместо тоа, тој одговара дека сака да оди на џогин во слободно време, опишувајќи го како “многу практично, евтино и не многу возбудливо хоби“.

Џон е ко-основач на американска софтверска компанија, за која веројатно повеќето луѓе никогаш не слушнале, наречена Stripe.

Тој ја создаде и во моментот таа функционира и е лоцирана во Сан Франциско каде што тој работи заедно со својот постар брат Патрик, кој има 29 години. Колинс е трет милијардер во светот кој заработил свој сопствен статус. Еван Спигл (27), ко-основач на компанијата Социјални мрежа Snapchat, стои меѓу двајцата браќа како втор реализиран милијардер. Основана во 2011 година, Stripe не е широко позната компанија бидејќи не продава ништо што купувачите можат да го купат. Наместо тоа, неговите софтверски системи им овозможуваат на компаниите ширум светот полесно да ги прифатат плаќањата преку Интернет и да ги одржуваат своите веб – страници.

Со повеќе од 100. 000 клиенти на глобално ниво “Стрип“ минатата година беше оценета на 9,2 милијарди долари.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави