4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Поховани печурки со кашкавал

Состојки:
– 600 гр. печурки
– 4 јајца
– 1 чаша пченкарно брашно
– 1 прстофат прашок за пециво
– 150 гр. кашкавал
– 2 чаши масло
– црн бибер
– сол

Подготовка:
Измијте ги печурките и подварете ги во солена вода. Извадете ги и исплакнете ги со ладна вода. Изрендајте го кашкавалот. Измешајте го со пченкарното брашно, прашокот за пециво, солта и црниот бибер. Печурките убаво мешајте ги во брашното па ставете ги да се пржат во загреано масло. Кога ќе добиете златна коричка извадте ги од маслото и ставете ги на кујнска хартија за да се исцедат од маслото.

На здравје!

поврзани објави

Последни објави