Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Демократската партија дека ја користи Русија како изговор за поразот на својот кандидат на претседателските избори во 2016 година.
– Од првиот ден кога дојдов на власт, сè што слушате е лажен изговор за демократите за губење на изборите, Русија, Русија и Русија, напиша Трамп на својот налог на Твитер.
Тој додаде дека, и покрај тоа, тој овозможил добри потези во економијата и дека можеби направил повеќе од кој било претседател за првите 10 месеци од неговиот мандат.