Здружението „Македонско-Бугарско пријателство“ ја изрази својата поддршка за Светите Синоди на МПЦ-ОА и БПЦ со официјално соопштение до јавноста:
„Од името на Здружението “Македонско-Бугарско Пријателство” ја изразуваме нашата недвосмислена поддршка на иницијативите и одлуките произлезени од Светите Синоди на МПЦ-ОА и БПЦ-БП. Тие постапки се добредојдени кај верниците и му покажуваат на целиот православен свет како добрата вест се живее, а не само се прикажува.
Во предвечерието на објавувањето на радосната вест за раѓањето на богочовекот, на чесните владици им посакуваме во добро здравје и со добра промисла, што поскоро да ги донесат неопходните решенија во интерес на православните верници во Македонија и Бугарија“, се вели во соопштението на МБП.