Одложувањето на рочиштето за предметот „Поткуп“ на неопределено време е уште еден доказ дека судството под притисок на СДС го допре дното, реагира ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение.
Оттаму наведуваат дека судството под притисок на премиерто Зоран Заев и СДСМ, само годинава седум пати ги одложувало рочиштата за поткуп на Заев.
„Истото тоа се случуваше и лани и во 2015 година. Секое ново закажување беше на се подолг рок, а врв на ваквото однесување е денешното одложување на неопределено време“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.