fbpx
6.8 C
Skopje

ФОТО: Големите асови му се одушевуваат на малиот Јане – Фиго, Пирес, Пандев му испратија поддршка!

АКТУЕЛНО

Приказната за деветодишниот Јане Велковски од Скопје, кој живее за фудбалот, иако е врзан за количка, со дијагноза за Спинална Мускулна Атрофија ( Spinal Muscular Atrophy – SMA) го обиколи светот.

Како дел од кампањата на УЕФА, „Equal game“, Јане беше апострофиран од европската фудбалска централа како пример за упорност и храброст и покрај хендикепот. Јане веќе сите го знаат во нашата земја, не пропушта ниту еден натпревар на нашата репрезентација, го придружуваше Пандев на голем број натпревари на „црвено-жолтите“, беше дел од Суперкупот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, а неговата фотографија како се радува како нетовиот идол Роналдо, УЕФА ја прогласи за симбол на Суперкупот.

„Јас имам болест на мускулите, што значи дека не можам да одам, Сакам на светот да му пренесам порака дека сите сме еднакви и дека лицата со инвалидитет можат да ги прават истите работи како и останатите. Дури и да не можат, тоа не значи дека не можат да уживаат во животот”, порача во видеото Јане.

Големите фудбалски ѕвезди останаа одушевени од храброста на Јане, па не го сокрија својот восхит. Горан Пандев, Ељиф Елмас и многу македонски фудбалери го апострофираа примерот на Јане и го споделија видеото на социјалните мрежи.

 

Повеќе за ова на Gol.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -