На крајот од оваа сезона договорите на Алексис Санчез и Месут Озил истекуваат, а уште не е познато каква е нивната судбина.
Арсен Венгер инсистира клубот да ги продолжи договорите на нив двајца, но тоа ќе биде исклучително тешко имајќи ги во предвид нивните барања.
Се споменуваше и нивно заминување во јануари, но тоа сигурно нема да се случи, што Венгер го потврди и во последниот разговор за англиските медиуми.
“Да, ќе бидат овде и после 1. февруари. Во мојата глава тие остануваат до крајот на сезоната како играчи на Арсенал. Тоа е одлука донесена уште на почетокот на оваа сезона. Освен ако не се случи нешто неверојатно“, рече Венгер.
Санчез е поврзуван со Манчестер Сити, додека Озил наводно ќе замине во Манчестер Јунајтед.