3.8 C
Skopje
Tuesday, February 18, 2025

И Игор Југ обвинет за кривично дело „тероризам“

Игор Југ останува во затворот во Шутка. Како што пренесува порталот А1он, ваква одлука донесе судијата на претходна постапка по барањето на јавното обвинителство откако истече 30-дневниот притвор кој му беше претходно одреден. Основното јавно обвинителство, пак, ја прошири истрагата и сега освен за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, го товари Игор Југ и дека преземал дејствија како водач на толпата која упадна во законодавниот дом на 27 април, но и за кривично дело тероризам. Ваквата мерка обвинителството побарало од судот поради постоење опасност од бегство, попречување на истрагата, како и можност за повторување на делото.

поврзани објави

Последни објави