Германската канцеларка Ангела Меркел денеска повика на поголема поддршка во борбата против нелегалната емиграција од Африка по извештајот за постоење на пазари за робови мигранти во Либија.
Ова е “многу емоционална” тема, рече Меркел на петтиот самит меѓу ЕУ и Африканската Унија
кој се одржа во главниот град на Брегот на Слоновата Коска – Абиџан.
Европа и Африка имаат заеднички интерес да се запре илегалната миграција и да се создадат еднакви можности луѓе “, рече Меркел.
На дводневниот форум ќе се разговара за миграцијата, безбедноста и развојот на младите луѓе. На самитот учествуваат 80 европски и африкански лидери, вклучувајќи ги Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.
Фокусот ќе биде ставен на создавањето подобри образовни и економски можности за
брзо растечкото африканско население, кое, според податоците на ООН, се очекува да порасне до 2050 година повеќе од двапати – на 2,4 милијарди луѓе. Околу 60 проценти од популацијата во Африка е под 25 години. ЕУ има големи надежи дека економската поддршка за Африка на крајот ќе го намали бројот на луѓето кои ја преминуваат Сахара и Средоземното Море (најопасниот миграциски пат во светот) на патот до Европа