23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Амбасадите на САД и Велика Британија бараат одговорност за 27 април, но и потсетуваат на пресумцијата за невиност

Британската амбасада во Македонија оцени дека насилствата во Собранието од 27 април годинава мора да се истражат и да имаат судска разврска. Во соопштението на Амбасадата се вели:
„Настаните во Парламентот на 27 април беа насилни и заслужуваат детална истрага, со последователни постапки низ судски процеси доколку е потребно. Важно е да се почитуваат институционалните процедури и соодветните правни постапки со максимална транспарентност за да биде јасно за сите дека законот се применува непристрасно“. Во меѓувреме амбасадорот на САД, Џес Бејли во врска истото прашање изјави дека надлежните органи треба да постапуваат транспарентно со целосно почитување на највисоките стандарди и одговорните за настаните од 27 април треба да понесат одговорност, но подвлече дека во процесот, исто така, мора да се почитува презумпцијата на невиност.

поврзани објави

Последни објави