Утрово реката Вардар се излеа од своето корито во центарот на Скопје. Од Центарот за управување со кризи, известуваат дека изминативе 24 часа на територијата на Република Македонија новите врнежи од дожд ги зголемија водостоите на сите реки во земјата, а особено покачување се бележи кај реките од западниот дел на земјата. Според податоците од терен најголеми промени на водостојот се бележат на рекатаРадика-Бошков Мост, реката Сатеска – Ботун, реката Вардар – Јегуновце. Според најавата на УХМР не севочекуваат обилни врнежи од дожд.