8.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

Богојески: Преку обединувачки Конгрес на ВМРО ДПМНЕ се отвара простор за сите идеолошки вмровци, меѓу кои и Љ. Георгиевски

Еден од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески во изјава за “Поглед“ вели дека преку обединувачки Конгрес на ВМРО ДПМНЕ се отвара простор за собирање на сите идеолошки определени вмровци, вклучувајќи го и првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски.

Во продолжение изјававата на Богојески.

 

Вашето прашање во врска формирањето на првата Влада на РМ, предводена од ВМРО ДПМНЕ, ме потсети на едно време, на настани од мојата младост, кога толку многу се радував на победата на Парламентарните избори во 1998 година, што мислам на моменти го надминав и разумот. Тоа беше време на општонародна прослава, енергија, братска вмровска солидарност, време на раѓање на вистинската Република Македонија. Не сакам да коментирам персонални решенија во таа Влада, но од дистанца од скоро 20 години, слободно можам да констатирам дека коалицијата со т.н. Демократска Алтернатива беше катастрофално промашување. Највеќе поради тие кадровски решенија, македонските граѓани не почувствуваа вистинска вмровска управа. Од тоа време се провлекуваат и денешните проблеми во ВМРО ДПМНЕ, особено во поглед на “резервоарот на кадри” на кои се потпираше “груевизмот”.

 

Во врска со прашањето дали големото обединување на ВМРО преку обединувачки Конгрес на ВМРО ДПМНЕ значи и отварање простор за приклучување на активистите од сите партии со предзнак ВМРО, вклучувајќи го и г-дин. Георгиевски, можам да кажам дека што друго би значело големото обединување, освен собирање на сите идеолошки определени вмровци на едно место, во ВМРО ДПМНЕ. Иднината на ВМРО во Република Македонија е загрозена, оспорувана од многу страни и анархо – либерали, па оттука сосема природен процес е сите ние кои ја носиме во себе Идејата на ВМРО, да се обединиме и заедно да се спротиставиме на таквите тенденции. Мислам дека денот за големото обединување е се поблиску, а радоста од тој настан ќе создаде толку силна енергија, што за кратко време Македонија ќе има вмровска управа.

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -