ВМРО-ДПМНЕ на 23 декември ќе го свика партискиот Конгрес.
Информацијата за Press24 и официјално ја потврдија од најголемата опозициска партија. На Конгресот, ќе се разгледува оставката на партискиот претседател, Никола Груевски, пишува порталот.
Груевски пред неколку дена во интервју за КУРИР најави дека си заминува од кормилото на ВМРО-ДПМНЕ.
Неговата смена и евентуалниот избор на нов лидер треба да ги потврди највисоко партиско тело Конгресот.
Груевски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ 15 години.