Шекил О’Нил не одамна откри како го потрошил својот прв милион кој го заработил од кошарка.
Како што наведуваат американските медиуми, имал 20 години кога влегол во светот на милионерите, но за легендарниот О’Нил никогаш немаше сомневање за тоа каде ќе го потроши својот прв заработен милион.
“Првата работа која сакав да ја направам е моите родители повеќе да не работат. Првите милион долари ги потрошив за отприлика 45 минути. И вредеше“, рече Шекил за CNN.
Како што кажа, тој се погрижил за своите родители, ги пратил во пензија порано, а им овозможил и некои работи кои од секогаш ги сакале.
“Мама е среќна. И ја отплатив куќата, доби автомобил кој од секогаш го посакуваше, Мерцедес. Исто и татко ми“, рече Шекил.