12.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

Меј во Брисел на одлучувачки преговори

Денеска во Брисел ќе се одржат одлучувачките преговори помеѓу британската премиерка Тереза Меј и клучните лица на ЕУ. Ќе се разговара дали Велика Британија е спремна да влезе во нова фаза од трговските разговори со Унијата.

Во текот на викендот биле постигнати договори меѓу Лондон и Брисел за „трошоците за разводот“ кој што ќе треба да ги плати британската страна, како и за правата на граѓаните, информираше Би-Би-Си. Отворено останало прашањето за границата на Обединетото Кралство со Ирска.

Меј во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, а според Даунинг стрит се чувствува умерен оптимизам.

Доаѓањето на Меј се совпаѓа со истекот на рокот, кој претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и го даде за да ја изнесе подобрената понуда поврзана со условите за британско повлекување од ЕУ.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -