Генералниот секретар Христијан Мицковски и поранешните министри за надворешни работи Никола Поповски и Антонио Милошоски се најверојатните кандидати за наследници на кормилото на ВМРО-ДПМНЕ, по најавената оставка на лидерот Никола Груевски. Според извори на „Слободен печат“ Мицковски е тој кој штод ја контролира партиската база, додека пак, Поповски и Милошоски уживаат поддршка од меѓународниот фактор, поддршка која може да се покаже како клучна. Можно е поради поголемата блискост на Милошоски со Груевски, шанса да добие токму Никола Поповски.
Од друга страна пак, постојат и такви, кои сметаат дека на овој Конгрес ќе биде избран лидер – послушник на актуелниот претседател Никола Груевски.
Универзитетскиот професор Ненад Новковски и екс претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, сметаат дека единствен авторитет кој може да ги обедини раскраните вмровци е основачот и прв претседател на партијата, Љубчо Георгиевски. Новковски, во својата изјава за нашиот портал истакна дека според него обединувачки (паралелен) конгрес е единственото нешто кое може да биде спас за десницата. Ова во неколку наврати беше најавувано и од самите реформатори кои недвосмислено повеќепати во јавноста кажаа дека имаат план Б ако Груевски се обидел да направи приватен конгрес.