Со симулација на повреди од пиротехнички средства и давање помош Одделението за превенција при СВР Скопје, општина Аеродром и Црвениот крст на Град Скопје денеска во ТЦ „Бисер“ ја почнаа кампањата „Среќна и безбедна 2018 година – во семејно и пријателско дружење“.
Сето ова го правиме за да имаме среќна и безбедна 2018 година. Вакви симулации и предавања ќе се одржат во сите основни училишта низ општина Аеродром со цел да покажеме дека петардите не се играчки. Овој апел го праќаме до децата и до родителите зашто најчесто родителите ги купуваат пиротехничките средства, изјави градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин.