Во група А од Лига на шампиони Ман. Јунајтед во 6. коло беше домаќин на натпреварот на московска ЦСКА.
Многу сметаа дека погодокот за 0:1 на полувреме е потполно нерегуларен, бидејќи топката во својот пат до мрежата го закачи Алан Џагоев, кој стоеше во недозволена поизиција, ја промени својата насока и влезе во мрежата.
Сепак, на изненадување на многумина, кај овој гол се беше по правила. Знаете ли зошто? Имено, виновникот е дефанзивецот на Јунајтед Бејли Блинд, кој беше надвор од теренот, а спрема многу фудбалски правила се додека не добие дозвола од судијата да го напушти теренот, на него се смета како на последниот играч од одбраната на гол линијата.
Со самото играчот всушност беше во дозволена позиција.
Треба да се нагалси дека играчите на Јунајтед побараа поништување на голот, дури и стрелецот збунето го гледаше линискиот судија, а потоа можеше да почне и славењето на играчите од Москва.