fbpx
12.8 C
Skopje

Шпанците и Англичаните тврдат: Азар одби вистинско богатство и само чека понуда на великанот

АКТУЕЛНО

Шпанска „Марка“, блиска до Реал , пишува како Челси му понудил нов договор на најдобриот играч Еден Азар, но Белгијанецот го одбил со надеж дека ќе дојде понуда од Реал Мадрид.

Еден сака да ги засили кралевите, а се чини дека симпатиите се обострани.

Неговиот сегашен договор вреди до 2020. година и не гледа никаква паника за потпишување на нов. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ наводно му понудил 340. 000 евра неделна плата што би било 18 милиони евра годишно, но белгијскиот репрезентативец моментално не бил расположен.

 

The Times тврди дека Азар го одбил Челси и дека наводно чека понуда за замена на Герет Бејл во Реал. Азар е брилијантен оваа сезона, веќе постигна осум голови за клубот во сите натпреварувања, а ќе видиме дали Роман ќе го пушти на “Сантијаго Бернабе“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -