Судењето за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ ќе продолжи на 18 декември, соопшти судијката Татјана Михајлова по денешното рочиште на кое сведочеше поранешниот градоначланик на оптина Центар Андреј Жерновски. Жерновски рече дека протестите пред општината на 13 јуни 2013 година кај него предизвикале чувство на страв и несигурност и дека биле спречени да излезат од бараките. Поранешниот градоначалник додаде дека советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова го повикала да излезе надвор и да се соочи со насобраните граѓани. Денешното судско рочиште за случајот „Насилство во Цернтар“ во Кривичниот суд се снимаше со камера. Судијката на почетокот на рочиштето изјави дека судењето се снима со рачна камера, но смао визуелно, но не и тонски. На рочиштето, покрај обвинетиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, присуствуваа и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.