Подготвени сме да финансираме проект до 200 милиони долари за трговија и транспорт во земјите од Западен Балкан – изјави извршната директорка на Светската банка Кристалина Георгиева во текот на Форумот организиран од бугарската Влада и Светската банка.
“Му благодарам на премиерот Бојко Борисов, бидејќи тој нè собра за да направиме нешто повеќе за интеграцијата на нашиот регион. Има огромен потенцијал во интеграцијата на Западниот Балкан и со преземањето на Претседателството на ЕУ, Бугарија ќе има можност да помогне за да се научи повеќе за овој потенцијал “, објасни Георгиева.
“Денешниот состанок има многу јасна и конкретна задача – да се погледне сериозно на
транспортните врски и потенцијалот на ИТ секторот во регионот. Во однос на транспортот, она што сакаме да го видиме е движењето на стоките и луѓето во нашиот регион да се забрза
со подобра инфраструктура, а со воведувањето на паметните технологии физичките редици, ќе се претворат во виртуелни. Ние сме подготвени да финансираме проект за трговија и транспорт кој ќе им помогне на земјите од регионот да ги отстранат пречките што постојат денес“, изјави Георгиева и додаде дека така ќе се подобрат економските врски, ќе се создадат повеќе работни места и ќе се покачи квалитетот на живот на луѓето на овие простори.
Кристалина Георгиева: Светската Банка ќе даде 200 милиони долари за трговија и транспорт во земјите од Западен Балкан
