По 7 месеци преговори Брисел и Лондон постигнаа одлучувачки напредок во однос на излегувањето на Велика Британија од ЕУ и првата фаза од дијалогот заврши. Претседателот на Европската комисија,
“Постигнавме напредок. Постигнат е одлучувачки напредок. Овој компромис е резултат на комплексни преговори “, рече Јункер на прес-конференција со премиерот на Велика Британија Тереза Меј во Брисел. Завршувањето на првата фаза од преговорите за Брекзит беше објавено и во официјалното соопштение на Европската комисија, објавено денеска. Резултатите од преговорите “ќе бидат претставени за одобрување на Европскиот совет” на самитот на ЕУ на 14 и 15 декември. Во овој случај од јануари ЕУ и Велика Британија ќе можат да ја започнат и втората фаза од преговорите поврзана со идните партнерски односи и особено во трговската сфера, бидејќи со излегувањето од ЕУ Велика Британија треба да го напушти и единствениот европски пазар.
Првата рунда од преговорите меѓу Брисел и Лондон за Brexit заврши
