fbpx
8.8 C
Skopje

ФРОДЕМ и „Реформаторите“ се обединија

АКТУЕЛНО

ФРОДЕМ на Јове Кекеновски и Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ се обединија. Денеска тие на заедничка прес-конференција  ги повикаа останатите десничарски асоцијации, партии и движења да им се приклучат за да ја извлечат ВМРО-ДПМНЕ, „од кризата во која се наоѓа“.ФРОДЕМ и „реформаторите“ соопштија дека веќе формирале заедничко тело, со претседател Љупчо Алексовски од ФРОДЕМ. Алексовски изјави дека ФРОДЕМ ги поддржува барањата на „реформаторите“,  за нов партиски статут, избор на демократски лидер и органи на партијата. Во однос на вонредниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, што треба да се случи на 23 декември, рекоа дека на 17 декември ќе ја информираат јавноста како ќе делуваат.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -