„Дали нашите животи вредат 70 милиони евра“, „Премиере ве држиме за збор, СТОП за Казандол“, „Земјоделие да, рудници не“.
Вакви пораки може да се прочитаат на денешниот протестен марш во Валандово против изградбата на рудникот Казандол.
„Во склоп на овој масовен собир на граѓаните од Југоистокот, во 15 часот ќе започне „Конференција на граѓаните против рудниците на смртта“ каде ќе може да слушнеме слични искуства од стопирање рудници од пријатели од Романија, како и од пријатели од соседна Грција и Бугарија. Исто така, ќе имаме простор за дискусија на тема „Што од овие искуства ние како граѓани на Југоистокот на Македонија можеме да искористиме во нашата борба против рудниците на смртта?”. Конференцијата ќе се одржи во Валандово“, велат од здружението „Спас за Валандово“.