3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Од црквата „Рожденство на пресвета Богородица“ во Аеродром украдени 6.000 денари

Непознат сторител со употреба на физичка сила насилно ја отворил влезната врата од црквата „Рожденство на пресвета Богородица“ во населбата Аеродром и од олтарот кој се наоѓа во средишниот дел одзел околу 6.000 денари.

МВР информира дека кражбата се случила во период од 16 часот на 6 декември до 8:30 часот на 7 декември, а во полиција вчера ја пријавила К.С. Се работи на расчистување на случајот.

поврзани објави

Последни објави