“Пари нема”, рече Дмитриј Медведев. Но, независно од тaa авторитетна изјава на премиерот, во Русија постојано се откриваат големи финансиски ресурси.
Искрено, веќе се уморивме ги броиме милионите кои се наоѓаат во различни приватни (и не сосема приватни) паричници, автомобили, станови, офшорки и други сакрални за нашата владејачка класа места.
Во минатата година истражителите фатија полковник од МВР, на кого парите, едвај не му штрчеа од ушите. Поранешниот министер Уллукаев спакувал две милиони долари како салама. А наскоро повторно открија «којзнае од каде паднат» милион – овој пат во автомобилот на шеф на сестринска фирма на «Роснефт». И тоа е само врвот на сантата мраз
Кутијата од фотокопирна хартија полна со долари, која предизвика таков шок за време на претседателската кампања во 1996 година, е ништо во споредба со тоа какви парични износи се «шетаат» сега низ Русија.
Како што би рекле специјалистите во диалектичката филозофија, количината преминува во квалитет.
При тоа само со мито, тоа количество неоправдани милиони, расфрлани низ цела Русија и надвор од нејзините граници, не може да се објасни. Изобилството од средства што се надвор од буџетот и отсуството на пари во буџетот е карактеристичен знак на нашиот политичко-економски систем.
И нешто повеќе – тоа е најважната причина зошто Путин нема да започне сериозна реформа, колку и лоши да се резултатите на економијата. Тоа е така бидејќи авторитарните режими се оддржуваат многу потешко отколку диктатурата.
Механизмот за одржување на диктатурата е релативно едноставен: затвори, логори, стрелање. Но, таквите режими речиси и да не се присутни во светот. Тие се заменуваат со практиката на изборниот авторитаризам, по моделот во Русија.
Изборите веројатно се одржуваат, но моќта останува иста. А за да можат истите автократи да победуваат во услови, што потсетуваат на демократија е потребен многу посложен пристап кон управувањето, отколку кај диктатурата.
Механизмот на нашиот изборен авторитаризм изгледа вака. Во пазарните услови се наоѓаат многу луѓе кои за пари се подготвени да обезбедат на Кремљ сè што му е потребно – да создаваат пропутински партии, да шират пропаганден материјал, да фалсификуваат избори, да организираат «мали победнички војни», и уште еден куп работи.
Она што е невозможно да се направи за пари може да се направи за многу пари. Нивото на мобилизација на прокремљските активисти зависи само од платата за нивниот труд. Ако не достигнуваат тролови значи треба да потрошиме за нив повеќе пари.
Кандидатот за пратеник или идеолошкиот производ се продаваат на народот како и «Кока-Кола»: ако не сакаш да платиш за маркетинг и рекламирање купувачот ќе одбере «Пепси».
Дел од трошоците за агитација се плаќаат од државниот буџет. Како почнеме со огромните хонорари за главните манипулатори и завршиме со скромната плата на учителката која е принудена да гласа на изборите, само за да не изгуби работата.
Но, само со државниот буџет не може да се задвижи таква машина. Потребно е дополнително охрабрување за «верните војници на партијата» што не се зема предвид со документи и не подлежи на никаков јавен надзор. Затоа секогаш во системот на изборниот авторитаризам постои и буџет во сенка. Нагласувам дека тоа не е просто последица на кражбата од страна на поединци, а услов за постоење на режимот. Секако, при отсуство на нормални новинарски и парламентарни (за обвинителски и не зборувам) истраги не можеме да имаме точни информации како се формира таков буџет. Колку што може да биде оценето, овој буџет во сенка е силно децентрализиран, тој не се наоѓа на едно место, не се контролира од еден човек и, најверојатно, не подлежи на прецизен извештај.
Постојат проекти. Постојат индивидуи кои се одговорни за постигнување на резултати. И постојат моќни механизми за да се соберат пари од бизнисот.
Ако бизнисот не сака да внесува во буџетот, се соочува со сериозни проблеми. Огромен број од бизнисмените паѓаат во затвор. Откако ќе го сфатиш принципот на работа на овој механизам и задачите кои тој ги извршува, станува очигледно, зошто корупцијата во Русија расте, независно од борбата против неа. Притисокот врз бизнисот не исчезнува, а тоа создава катастрофална инвестициска клима во Русија.
Рускиот буџет во сенка се формира само за сметка на своевидното «политичко претприемништво» кога потребните луѓе добиваат одврзани раце за аккумулиране на ресурси, запленети од бизнисот. А ако бизнисот не даде доброволно пари, тогаш политичките претприемачи добиваат одврзани раце за спроведување на казна или заплашување на оние кои се «должни» да го делат својот приход не само со државниот, но и со тајниот буџет.
Значи целата «антикорупциската активност» во суштина е форма на распределба на ресурсите меѓу различните структури на политичкиот инжињеринг. Од она што беше кажано досега, следат три заклучоци:
Прво, корупцијата во путиновиот систем секогаш ќе ја има, бидејќи е пропратен ефект од работата на механизмот спроведувајќи го постоењето на изборниот авторитаризам.
Второ, тајните милиони секогаш ќе течат од послабите групи кон посилните.
Трето, «на површина» постојано ќе исплива една или друга мистериозна историја, ако казната за слабите не се изведува со безбол палка, туку со инспектори, обвинители, судии.
Пишува: Дмитриј Травин, професор на Европскиот Универзитет во Санкт Петерсбург
Извор: Faktor.bg/ Rosbalt.ru