4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Анима Мунди: Кучето кое синоќа ги нападна граѓаните е расно и има сопственик

Кучето кое нападна дваесетина лица во скопската населба Аеродром меѓу кои и деца, е заловено информираат од Град Скопје.

Од здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ за Канал 5 велат дека кучето било расно и имало сопственик. Истовремено апелираат да се почитува законот и обврската за регистрирање и чипирање на сите кучиња за да не дојде до слични инциденти.

По реакцијата на граѓаните во која главни виновници беа посечени Анима Мунди и Град Скопје, Радица Пешевска од здружението потенцираше дека не гледа начин на кој тие и Град Скопје би биле виновни.

„Не разбирам како може Град Скопје и Анима Мунди да бидат виновни, во случајот се работи за куче Ротфајлер, кое дефинитивно има сопственик, затоа што пред тоа не е забележано на териотиријата. Ние имаме активисти во овој регион, со што кучето пред тоа не било забележано и регистрирано“, изјави Пешевска за Канал 5.

поврзани објави

Последни објави