3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Жељко Лукајиќ е нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром

Жељко Лукајиќ е новиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, откако по низата порази во АБА лигата и трите загубени натпревари од вкупно осум во домашната лига, веќе поранешниот тренер Александар Тодоров реши да си поднесе оставка.

Лукајиќ во текот на својата тренерска кариера ги има предводено екипите на Партизан, Хемофарм, Лукоил Академик и Игокеа. Важи за тренер со „цврста рака“, со што делува како позитивен шок меѓу кошаркарте. Тој ќе има за задача да го врати МЗТ на победнички патики, а првиот тест го има веќе утре на најважниот меч досега во АБА лигата, против Морнар на домашен терен.

Соработката е договорена до крајот на сезоната со можност за нејзино продолжување на уште една година.

поврзани објави

Последни објави