3.8 C
Skopje
Sunday, December 3, 2023

Анчелоти не може без Англија: Подготвен за нови предизвици

Поранешниот менаџер на Челси во септември доби отказ од Баерн, па дури денес го одјави својот стан во Минхен, со што и дефинитивно донел одлука да го замени местото на живеење.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Анчелоти е подготвен за замине за Лондон, каде што веќе има стан. Пред шест години работеше со Челси, а денес повторно сака да работи во најартактивната лига на светот.

Прашањето е: Во кој клуб ќе замине прославениот тренер на Милан? Се претпоставува дека местото во Челси ќе му биде отворено откако ќе замине Антонио Конте, но не се исклучува можноста во Тотенхем да го наследи Маурицио Покетино, кој е се поинтересен за претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Клубовите како Вест Хем и Евертон секогаш се заинтересирани за добар тренер, па така Анчелоти ќе има можност да избира, но едно е сигурно – Лондон е неговиот нов град. Минхен е минато.

Анчелоти неодамна одби да биде на чело на клупата на италијанската фудбалска репрезентација, токму поради фактот што сака да работи во Англија.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -