fbpx
16.8 C
Skopje

Пендаровски: Ќе ги завршиме нашите обврски до самитот на НАТО следната година

АКТУЕЛНО

Нашите обврски до следниот Самит во јули 2018 година ќе бидат завршени, но, во процесот за прием на нови членови свое влијание ќе имаат и националните калкулации на останатите 29 земји-членки поради консензуалниот принцип на одлучување, вели Стево Пендаровски национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО во интервју за македонската редакција на DW. Пендаровски истакнува дека пред Букурешт, Македонија имала политичка стабилност и пристојни меѓуетнички односи заради што и добила статус на кандидат за ЕУ. Според него ироничен е фактот дека денес, буквално сите реформски напори на Владата се насочени, всушност, кон доаѓање до нивото кое веќе било достигнато во декември 2005-та. Според Пендаровски во последниве три години Македонија никогаш не била политички постабилна и со по позитивни индикатори за целосно враќање во нормален колосек во 2018-та година.
– Фазите на ‘Планот 3-6-9’ се навистина компримирани, но остварливи. Имено, во првите три месеци се дефинира концептот за реформи во правосудството и во службите за безбедност, за шест месеци се поставуваат нормативните основи за модификација на системите, а во последната третина ќе бидат видливи првичните резултати, вели во интервју за Дојче веле Стево Пендаровски.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -