30.8 C
Skopje
Thursday, June 20, 2024

Откажана расправата за предлог-законот за јазиците

Седницата на Комисијата за европски прашања, на која што требаше да се расправа за амандманите што се поднесени за предлог-законот за јазиците, е откажана затоа што во салата не беа присутни министерот за правда и заменик-министерот за правда. Претседателот на Комисијата, Артан Груби ја одложи седницата и рече дека сите ќе бидат благовремено известени кога ќе биде закажана следната расправа без да прецизира точно време. Отсутни биле и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и поради таа причина на седницата биле усвоени само записниците од претходните три седници. За предлог-законот се поднесени 90 амандмани, од кои 84 се поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, 4 се поднесени од СДСМ, а 2 се на Беса.

поврзани објави

Последни објави