14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

25 земји членки на ЕУ се вклучија во проектот за заедничка европска одбрана

25 држави членки на ЕУ изгласаа официјална одлука за основање на нова мрежа за одбрана и соработка во безбедноста, со што се поставуваат основите на предложениот порано европски одбранбен сојуз. Одлуката, беше наречена “историска” од шефот за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини.  Проектот им овозможува на земјите членки да соработуваат во областа на одбраната и безбедноста, што значи помала зависност од САД. Данска, Малта и Велика Британија остануваат надвор од европскиот проект за одбрана.  Соработката ќе започне со 17 конкретни проекти, вклучувајќи создавање на медицинска единица, логистички центар, центар за обука мисии и развој на заеднички стандарди за воена радиокомуникација.

поврзани објави

Последни објави