Контроверзниот новинар Зоран Божиновски кој вечерва гостуваше во емисијата „Само вистина“ на новинарско прашање за тоа кој според него е идниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ одговори:
По мене, неговите поддржувачи ќе чекаат дали има критична маса за да се врати или не. Тој мора да се врати на лидерското место во ВМРО-ДПМНЕ. По мене мора да се врати за да ја дозаврши работата што не ја заврши, а тоа е од ВМРО-ДПМНЕ да направи демократска партија, рече Божиновски.
Според новинарот, Љубчо Георгиевски е скриен фаворит во сенка за лидерското место во ВМРО-ДПМНЕ. Според него, сите други евентуални кандидати за лидер на ВМРО-ДПМНЕ се пиони на актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.